Косово не се брза со формирањето војска
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешната седница на Владата, изјави дека не се брзаат многу со формирањето на војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај нагласи дека законите за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово се доставени до Собранието и ќе се следат предвидените процедури.
„Во врска со законите, тие се во собраниските комисии. Тоа се редовни процедури. Не се брзаме. Ќе ги поминат процедурите во прво, второ и трето читање, се додека да им дојде редот за гласање“, изјави Харадинај.