Германија - Да продолжи спроведувањето на Договорот со Грција
![Германија - Да продолжи спроведувањето на Договорот со Грција](https://gdb.rferl.org/7303BA56-E222-4B0E-A5BD-B6ECE4BB8D03_w800_h450.jpg)
Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција. Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала.
Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.
Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не беше постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата.