Чоревски: Итроштина во уметноста нема
Без занаетот нема уметност. Колку поголем занаетчија, толку поголем уметник, вели актерот Благој Чоревски по добивањето на двете неодамнешни големи признанија - наградата за високо актерско остварување на 26. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и лауреат на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски 2018“.