Столтенберг од утре во посета на Србија
![Столтенберг од утре во посета на Србија](https://gdb.rferl.org/3387B2C3-C37C-492B-9D8A-40928E73DB8F_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од утре е во посета на Србија, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, а ќе учествува и на Белградскиот безбедносен форум, што ќе се одржи в понеделник. Столтенбер со Вучиќ ќе разговара за развојот на односите меѓу Србија и НАТО, за областите во кои постои најголем потенцијал за поблиска меѓусебна соработка и се практичните придобивки за српските граѓани и за регионот од таа соработка.