Кандидатот на Трамп за Врховниот суд го помина првото гласање во Сенатот
![Кандидатот на Трамп за Врховниот суд го помина првото гласање во Сенатот](https://gdb.rferl.org/37B1AFC9-550E-4BA2-8593-1E44DB6C62B6_w800_h450.jpg)
Американскиот Сенат денеска во првото процедурално гласање со 51 глас за и 49 против ја одобри номинацијата на Брет Кавано за судија на Врховниот суд. Утре треба да се одржи и конечното гласање за негово поставување на функцијата.
Кавано е предложен на функцијата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Изборот на Кавано беше доведен во прашање откако Кристин Бласеј Форд, го обвини за сексуално вознемирување и сведочеше пред Комитетот за правда во Сентот. Кавано ги негираше обвинувањата.