Тачи го повика Харадинај да го корегира ставот за корекција на границите
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска реагираше на изјавата на премиерот Рамуш Харадинај дека „идејата за корекција на границите е мртва“.
„Убеден сум дека премиерот има потреба да ги корегира неговите изјави и ставови околу дијалогот, затоа што без дијалог нема евроатлантска иднина за Косово“, изјави Тачи на денешната прес конференција во Приштина.
Тачи смета дека идејата за „корекција на границите“ е можното решение за споровите меѓу Косово и Србија.