Турција објави програма за борба против инфлацијата
![Турција објави програма за борба против инфлацијата](https://gdb.rferl.org/4A39E58A-DC50-4D15-9A95-15B45E47691A_w800_h450.jpg)
Турскиот министер за трезор и финансии Берат Албајрак, се заложи за сеопфатна борба против инфлацијата, јавува Андолија.
Презентирајќи го новиот пакет мерки за борба против инфлацијата, денеска Албајрак оцени дека со тоа ќе се зголеми довербата на инвеститорите. Со пакетот мерки не се предвидува зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас до крајот на годината.
Турскиот министер посочи дека власта ќе понуди поддршка на бизнисите со цел да ги спречат отпуштањата и најави дека компаниите кои се дел од антиинфлациската програма ќе применуваат минимален попуст од 10 отсто на цените до крајот на оваа година.
Годишната инфлација во Турција во месец септември достигна 24,52 отсто, што е зголемување во однос на август и тогашните 17,90 проценти.