Загинаа девет мигранти во близина на турското крајбрежје
Најмалку девет лица се загинати и 25 се водат за исчезнати, отакако од засега непознати причини потона чамец со бегалци и мигранти во близина на турското крајбрежје, објавија грчките медиуми цитирајќи претставници од турската крајбрежна служба. Според информациите, во чамецот имало околу 35 лица кои тргнале од турскиот град Измир кон некој од грчките острови.