ВМРО-ДПМНЕ: власта најави задолжување од 53,6 милиони евра
Веќе за идната недела оваа влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра, соопштува денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16-ти октомври.
„Во рок од три недели наназад оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи за 102 милиони евра. Јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП. Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно од 3,2% ќе заврши само на околу 1,2% тогаш бројките стануваат загрижувачки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.