В понеделник почнува воената вежба „Македонски блесок 14“
Воената вежба „Македонски блесок 4“ ќе се одржи од 15 до 20 октомври на армискиот полигон Криволак. Целта е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ: декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.
Во рамки на „Македонски блесок 14“ ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена Маневарска Болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.
На вежбата „Македонски блесок 14“ треба да се изврши НАТО преоценување на „ниво 2“ на декларираната чета на Воената полиција, како и за првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.
Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, и како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.