Путин во јануари ќе ја посети Србија
![Путин во јануари ќе ја посети Србија](https://gdb.rferl.org/AC796148-7C27-4A8B-A264-CBDADEAA3891_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија во јануари. За ова денеска разговарале српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин.
„Вучиќ на средбата изјави дека е чест за Србија повторно да биде домаќин на претседателот Путин и дека Белград ќе ги покаже сите широчини на српското гостопримство“, информираше Службата на српскиот председател за соработка со медиумите.
Најавено е дека наскоро ќе се одржи седница на Мешовитиот меѓувладин комитет за соработка, со цел да се подготват конкретните заеднички проекти во областа на економската соработка и во интерес на зголемување на трговската размена меѓу Србија и Русија и нивниот економски напредок, се наведува во соопштението.