Лавров: Независноста на украинската црква е провокација поддржана од САД
![Лавров: Независноста на украинската црква е провокација поддржана од САД](https://gdb.rferl.org/07B19A61-64DD-477D-BB02-4C64F59D8A2A_w800_h450.jpg)
Независноста која ја доби Украинската православна црква е провокација од Цариградската патријаршија со поддршка од Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во интервју објавено на сајтот на руското министерство за надворешни работи, Лавров вели дека станува збор за „провокации на цариградскиот патријарх Вартоломеј, со јавна и директна поддршка од Вашингтон“.
„Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија, и, се надевам, во секоја нормална држава“, вели шефот на руската дипломатија во разговорот за државната телевизија РТ и француските медиуми Фигаро и Пари мач.