СДСМ: Опозицијата да ги поддржи уставните измени заради иднината на Македонија
![СДСМ: Опозицијата да ги поддржи уставните измени заради иднината на Македонија](https://gdb.rferl.org/5AAF4DFB-FF88-4311-BF6B-8CAFCC7D4E6E_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Владејачката СДСМ денеска ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени во Собранието во интерес на иднината на Македонија, при тоа водејќи се од волјата на граѓаните.
„Уставните измени доставени во Собранието се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет. Со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста. Волјата на граѓаните е јасна. Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО“, велат од СДСМ.