Османи за случајот „Пациент“: Сега уште повеќе верувам во нутралноста на СЈО
Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата му даде поддршка на СЈО да продолжи со своите истраги, па и случајот „Пациент“, во кој тој е осомничен. Османи потенцираше дека денеска ги доставил сите потребни документи во врска со истрагата.
„Јавно барав во повеќе наврати СЈО да отвори истрага и да го расчисти случајот зошто сум чесен во моите постапки. Очекувам да бидам повикан и во предистражната пиостапка. Истрагата е отворена и изминатите денови собрав документација преку која се расчистува ситуацијата и се гледа дека нема индсции на некакво незаконско работење и дека одлуките се однесени законски и во интерес на граѓаните. Целата документација ја предадов во СЈО и во наредните денови ќе бидат доставени и сите други документи. Со тие документи се расчистува случајот“, рече Османи.
Тој додаде дека улогата на СЈО е од исклучителна важност и дека тој „не само што и понатаму ќе го поддржува обвинителството, туку уште повеќе верува во неутралноста на СЈО“.
Во случајот „Пациент“ СЈО заедно со уште 14 лица кривично го сомничи Османи дека како екс министер за здравство од 2010, наместо да одбие, одобрил предлог на Комиисија за јавни набавки која пак спровела фаворизиран тендер за бугарска фирма која била избрана дфа реконструира неколку болници низ земјава. Слични понуди одобрувал и во уште неколку други случаи.