Купер: размената на територии може да биде добра идеја
![Купер: размената на територии може да биде добра идеја](https://gdb.rferl.org/2C027F4E-6E2E-4DE0-A019-3E766C16639D_w800_h450.jpg)
Британскиот дипломат и поранешен посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер изјави дека размената на територии меѓу Србија и Косово не била лоѓа идеја, но оти мора да биде изведена претпазливо. Купер на Белградскиот безбедносен форум додаде дека таквите работи се многу тешки за политичките лидери и оти во такви ситуации „треба да им се даде време“. Според него, охрабрува фактот што лидерите на двете страни разговараат сериозно.