Турската полиција по втор пат врши претрес во саудискиот конзулат
![Турската полиција по втор пат врши претрес во саудискиот конзулат](https://gdb.rferl.org/8B15F299-8E75-4443-A42F-771EF885CDDE_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Турските истражители денеска по втор пат го претресоа саудискиот конзулат во Истанбул, како дел од истрагата за исчезнатиот новинар Џамал Кашоги.
Кашоги, кој ги критикуваше саудиските лидери, не е виден откако влезе во конзулатот на 2 октомври.
На 17 октомври провладините турски медиуми објавија наводи дека Кашоги, кој е американски државјанин и соработник на Вашингтон Пост, бил убиен со постепено распарчување од страна на саудиски тим за атентати.
Истражителите исто така го пребарале дворот на конзулатот и возилата, велат очевидци.
За време на првото пребарување, истражителите земаа примероци од ДНК од почвата.
Тие исто така денеска ја пребараа резиденцијата на саудискиот конзул Мухамед ал-Отаиби кој на 16 октомври ја напушти Турција со комерцијален лет.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео вчера се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да дискутираат за случајот.