Путин: Русија отфрла превентивни нуклеарни напади
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како одговор на нуклеарен напад врз неговата земја.
Путин денеска на форумот за меѓународна политика во Сочи, ги отфрли сите „превентивни нуклеарни напади“ и рече дека Москва само одбранбено ќе употреби нуклеарно оружје, доколку системите за рано предупредување забележат нуклеарни проектили насочени кон Русија.
„Нашата стратегија за употреба на нуклеарно оружје не предвидува превентивен напад. Само доколку станеме убедени дека е насочен напад на територијата на Русија и тоа се случува за неколку секунди, веднаш откако ќе започнеме со повратен удар“, рече Путин. Тој додаде:
„Тоа природно би значело глобална катастрофа, но сакам да нагласам дека не можеме да бидеме тие кои тоа ќе го иницираат, бидејќи не предвидуваме превентивен напад“, рече Путин.
„Агресорот треба да знае дека повратниот удар е неизбежен и оти ќе биде уништен“, вели Путин.