Седницата за уставните измени одложена за 15 часот
![Седницата за уставните измени одложена за 15 часот](https://gdb.rferl.org/F9853CDD-C858-4D36-93D9-AE29ED07E638_w800_h450.jpg)
Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, велат од Собранието наведувајќи дека причината за одложувањето на почетокот на седницата е пратениците да се соберат во салата.
Денешната расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, беше закажана за 12 часот.
Претходното продолжение на седницата заврши без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие преку соопштение најавија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.