Ципрас од утре и официјално шеф на грчката дипломатија
![Ципрас од утре и официјално шеф на грчката дипломатија](https://gdb.rferl.org/CF6FF3F5-00BE-4DA9-ABF9-5FC095312D79_w800_h450.jpg)
Со свечена заклетва во претседателската палата во Атина и со примо-предавање на функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција, премиерот Алексис Ципрас утре и официјално ќе ја преземе должноста шеф на дипломатијата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во 10.30 часот по локално време (11:30 по средноевропско време), Ципрас ќе положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а веднаш потоа од претседателската палата ќе се упати кон Министерството за надворешни работи каде ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Никос Коѕијас.