Со 80 гласа „за“ помина првата фаза од уставните измени
![Со 80 гласа „за“ помина првата фаза од уставните измени](https://gdb.rferl.org/05558B88-F3B8-4E62-80BC-94063033B8B1_w800_h450.jpg)
Со 80 гласа за Собранието вечерва ја донесе одлуката за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија. Покрај 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата меѓу кои Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канчевска-Милевска, Владанка Авировиќ, Крсто Муковски, Зекир Рамчиловиќ. По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев по електронското гласање се вршеше и поединечно гласање кое ја покажа истата поддршка за уставните измени.