Најмалку 61 загинат во железничка несреќа во Индија
![Најмалку 61 загинат во железничка несреќа во Индија](https://gdb.rferl.org/F20D0E78-1637-45B4-915D-89C06CC0A77A_w800_h450.jpg)
Најмалку 61 лице загинаа, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадната индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрални заради религиозен празник. Меѓу жртвите има жени и деца, соопштија властите, пренесува Ксенхуа. Помеѓу 300 и 700 лица се собраа на железничката линија крај градот Амратсар синоќа, кога воз удри во толпата. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во темница, а луѓето не го чуле поради огномет. Денеска е ден на жалост во индиската држава Панџаб.