Мичел: Ривалите на САД на Балканот го шират политичкото и военото влијание
Помошникот државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на САД Вес Мичел изјави дека американските ривали го прошируваат своето политичко, воено и трговско влијание низ целиот Балкан. Стејт департментотсоопшти дека оваа порака Мичел ја кажал на конференцијата на Атлантскиот совет одржана во Вашингтон, на која тој потсетил дека следната година се одбележува три децении од крајот на комунизмот во Европа, додавајќи дека денес има нов натпревар за влијание во светот.
“ Денешното геополитичко надметнување силно се чувствува во Централна и Источна Европа. Од Балтикот до Јадранското Море, низ целиот Балкански Полуостров и преку Кавказ соперниците на Америка, го прошируваат своето политичко, воено и трговско влијание. Русија повторно е воен фактор во овој регион по инвазијата на Грузија и Украина. Далеку од својата граница, во земјите во Централна Европа, Русија користи манипулативна енергетска тактика, ја користи корупцијата и пропагандата за одвнатре да ги ослабне западните нации и за да ги поткопа нивните врски со САД , рече Мичел.
Тој истакна дека по првпат во историјата, Кина стана голем играч во Централна и Источна Европа, наведувајќи дека Пекинг ја користи дипломатијата на „должничка книга“ за да акумулира инфраструктура и за да ги натера малите нации на отстапки.