Русија и Пакистан ги започнаа воените вежби „Дружба-2018“
![Русија и Пакистан ги започнаа воените вежби „Дружба-2018“](https://gdb.rferl.org/CC04C8D1-6E5C-477F-BF68-B62F896E20AD_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Околу 200 руски и пакистански трупи започнаа заедничка воена вежба во планинската провинција Кибер Паштунхва, во северозападниот дел на Пакистан.
Контингент со повеќе од 70 трупи од бригада од републиката Карачи – Черкесија на Северен Кавказ, учествува во вежбите „Дружба-2018“, соопшти рускиот Јужен воен округ.
Воените вежби треба да траат до 4 ноември. Воената вежба „Дружба“ редовно се одржува од 2016 година. Минатата година повеќе од 200 војници учествуваа во вежбите кои се одржаа на планините на Карачи-Черкесија.
Целта на воените вежби е да се зајакне соработката меѓу војските на двете земји и да се размени професионално искуство, особено во борбата против тероризмот.
Исламски милитанти се присутни и во Кибер Паштунхва и на Северниот Кавказ.
Пакистан и Русија во 2014 година потпишаа договор за соработка во одбраната, кој предвидува соработка за унапредување на меѓународната безбедност.