Столтенберг не предвидува нови нуклеарни распоредувања во Европа
![Столтенберг не предвидува нови нуклеарни распоредувања во Европа](https://gdb.rferl.org/16A80EA4-084D-415F-AD49-B588818CE7ED_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека европските членки на Алијансата најверојатно нема да распоредат ново нуклеарно оружје на нивната територија, како одговор на наводното кршење на договорот меѓу Вашингтон и Москва, кој забранува проектили од среден дострел.
Зборувајќи четири дена откако американскиот претседател Доналд Трпам објави дека САД се повлекуваат од Договорот за проектили од среден дострел од 1987 година, Столтенберг денеска рече дека НАТО ги проценува безбедносните импликации од наводното руско прекршување на договорот.
„Не предвидувам дека европските сојузници ќе распоредат повеќе нуклеарно оружје како одговор“, рече Столтенберг.