Болтон до Кремљ: „не се мешајте во американските избори“
![Болтон до Кремљ: „не се мешајте во американските избори“](https://gdb.rferl.org/E1C86C77-F429-4BB9-AF5C-4E9B0639A45E_w800_h450.jpg)
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, изјави дека им рекол на највисоките претставници во Москва дека руското мешање во изборите во САД имало спротивен ефект и оти тоа треба да биде лекција за Кремљ:
„Не се мешајте во американските избори“, рече Болтон.
Зборувајќи со рускиот претседател Владимир Путин и другите руски претставници за време на неговата дводневна посета, Болтон рече дека нема докази за наводни операции за влијание на Русија, како што е наведено во американските обвиненија за најмалку дваесетина Руси дека влијаеле на исходот од претседателските избори во 2016 година.
Но, тој рече дека тие создале голема недоверба кон Русија во Вашингтон: „факт е дека исходот би бил ист со сите докази што ги имаме“, рече Болтон.
„Мешањето создаде недоверба и непријателство во САД и практично создаде две години да биде невозможен напредок меѓу САД и Русија .Тоа е голема загуба за двете земји, особено за Русија“, рече Болтон додавајќи: „значи, мислам дека тоа е лекција. Не се мешајте во американските избори. Русија повеќепати негираше било каква вмешаност во изборите во САД.