Путин и Конте разговараа за зголемување на врските меѓу двете земји
![Путин и Конте разговараа за зголемување на врските меѓу двете земји](https://gdb.rferl.org/78D99CB8-60FA-420D-A835-540EE584EE7C_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин му беше домаќин на италијанскиот премиер Џузепе Конте во Москва, каде разговараа дека очекуваат да се фокусираат на напори за зголемување на економските односи.
Откако двајцата лидери го започнаа денешниот состанок во Кремљ, Конте рече дека Русија и Италија успеале да го зачуваат „квалитетот и обемот“ на нивните врски.
Италија е шестиот најголем трговски партнер на Русија со раст постигнат во текот на изминатите две години, изјави Путин пред италијанскиот премиер.
„Обемот на нашите економски врски остана силен. И покрај тешките времиња, нашите политички контакти останаа на високо ниво“, рече тој.
Билатералните односи меѓу Русија и Италија беа сериозно погодени од санкциите на ЕУ кои беа наметнати кон Русија по нејзиното преземање на Крим во 2014 година и нејзината поддршка на сепаратистите во источна Украина. Исто така беа засегнати заедничките инвестициски проекти.