Четири деца повредени при напад во училиште во Пакистан
Четири деца се повредени, откако неидентификувани вооружени лица отвориле оган во училиште во главниот град на пакистанската југозападна провинција Балочистан, велат официјални претставници.
Безбедносни претставници велат дека децата се здобиле со прострелни рани, откако напаѓачите од мотоцикл пукале во државното училиште во градот Квета, пред да избегаат од местото на настанот.
Повредените веднаш биле однесени во главната болница во градот, изјавија официјални претставници.
Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот. Провинцискиот главен министер Џем Џамал Кан го осуди нападот и нареди истрага.