Нема да има собраниска комисија за испитување на референдумот
![Нема да има собраниска комисија за испитување на референдумот](https://gdb.rferl.org/5907ADF8-8956-4105-A71D-993BDD571437_w800_h450.jpg)
Пратениците на денешната седница не ја усвоија одлуката за формирање анкетна комисија за испитување на референдумот од 30 септември. Одлуката ја поддржаа осум пратеници, а 60 беа против.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за време на референдумот имало нерегуларности, па затоа и побараа собраниска анкетна комисија која ќе го испита тоа.
На денешната седница пратениците меѓу другото усвоија и нов закон за обештетување на стечајците.