Експлозивни направи упатени за Обама и Клинтон, полицијата ги пресретнала
![Експлозивни направи упатени за Обама и Клинтон, полицијата ги пресретнала](https://gdb.rferl.org/D8415CEC-54A1-49B2-A993-2EBF11C2EBAC_w800_h450.jpg)
Американската тајна служба пресретнала „потенцијални експлозивни направи“ кои биле наменети за домовите на поранешниот претседател Барак Обама и поранешната државна секретарка и поранешна прва дама Хилари Клинтон.
Во денешното соопштение Тајната служба наведува дека ги пресретнале пакетите упатени до Обама и Клинтон и тие не стигнале до примателите.
Си – Ен – Ен јави дека „сомнителен пакет“ бил упатен и до Белата куќа, но потоа пренесоа дека сепак немало такво нешто. Медиумот објави и дека била евакуирана зградата во Њујорк, каде што тие имаат свои канцеларии по извештаи дека и таму има сомнителни пакети.
Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности.