Поддршка од Словенија за Договорот од Преспа
![Поддршка од Словенија за Договорот од Преспа](https://gdb.rferl.org/50BEAD12-4827-4C1A-B05B-03BFCD854091_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Словенечкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Миро Церар кој е во посета на Македонија, ја поздрави одлуката на Парламентот да почне процедура за уставни измени во насока на реализација на Договорот од Преспа. На средбата со премиерот Зоран Заев, Церар најавил продолжување на поддршката од Словенија за развојот на Македонија и членството во НАТО и во ЕУ, информираат од владината прес служба.
Премиерот Заев, пак, посакал успех на новата словенечка Влада, на новиот премиер и на министрите и се заблагодарил за поддршката, пишува во соопштението.
На средбата заеднички било констатирано дека економските односи меѓу двете држави се во развој, дека е зголемен бројот на странски инвестиции и е изразено очекување за нивно унапредување и зголемување по заокружувањето на политичките процеси на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Тие разговарале и за актуелни политички прашања во регионот.