Трам го осуди испраќањето сомнителни пакети со експлозив
![Трам го осуди испраќањето сомнителни пакети со експлозив](https://gdb.rferl.org/F17A9CB8-AB40-49B0-B32F-7CF5E9F12865_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди обидот да се испратат сомнителни пакети во домот на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која му е сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, како и во седиштето на медиумот Си-Ен-Ен и компанијата Тајм Ворнер.
Трамп на Твитер ја сподели пораката на потпретседателот Мајк Пенс и рече дека „целосно се согласува“.
И Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности.
Американската тајна служба претходно соопшти дека пресретнала „потенцијални експлозивни направи“ кои биле наменети за домовите на Обама и Клинтон. Поради сомнителен пакет се евакуирани зградата на компанијата „Тајм Ворнер“ и дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк.
Во понеделникот сомнителен пакет бил испратен и до домот на Џорџ Сорос.