Саудискиот принц вети казни за убијците на Кашоги
![Саудискиот принц вети казни за убијците на Кашоги](https://gdb.rferl.org/C45B9539-A87D-4C01-B4FE-A54C6B8983E3_cx0_cy21_cw0_w800_h450.jpg)
Саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман, вети дека ќе бидат казнети сите виновници одговорни за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Турција. Тој вели дека убиството на Кашоги е грозоморен чин за кој нема оправдување. Саудискиот принц говорејќи на работен форум во Ријад рече дека злосторството било болен чин за сите Саудијци, но дека нема никогаш да дозволат прекин на добрите односи со Турција.
Саудиските власти претходно ги отфрлија обвинувањата дека принцот имал улога во убиството.
Кашоги е убиен додека бил во посета на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.