Курц: ЕУ ќе биде комплетна со државите од Западен Балкан
Европска унија ќе биде комплетна кога државите од Западен Балкан ќе бидат членки на Унијата, изјави денеска австирскиот канцелар Себастијан Курц на конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва.
Тој додаде дека интеграцијата функционира единствено преку соработка во политиката и економијата и оти долгорочна стабилност и безбедност за регионот и за ЕУ можат да бидат обезбедени само ако регионот биде дел од Унијата.
„Тоа не се соништа, туку сме на добар пат“, посочи Курц. Тој додаде дека мигрантската криза покажа дека Балканот одлучува за цела ЕУ.