Уапсен адвокатот на Навални во Москва
Руските власти го уапсија адвокатот Антикорупциската фондација во Москва на опозицискиот политичар Алексеј Навални.
Иван Жданов денеска на Твитер напиша дека полицијата го уапсила во близина на излез од метро.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, подоцна на Твитер напиша дека Жданов бил однесен во полицискиот оддел на Данилов во јужниот дел на главниот град.
Засега нема други детали. Жданов во мај беше уапсен во Москва и потоа му беше наредено да плати парична казна за негово наводно учество во организирање на протести низ земјата против рускиот претседател Владимир Путин.