Трамп: Носам војска за да ја заштитам границата!
![Трамп: Носам војска за да ја заштитам границата!](https://gdb.rferl.org/F17A9CB8-AB40-49B0-B32F-7CF5E9F12865_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер напиша дека носи војска за да ја заштити границата додека мигрантски караван од централноамериканските земји го продолжува патот кон САД.
“Носам војска поради оваа национална тревога. Тие ќе бидат сопрени”!, пишува Трамп , но засега не е јасно каква нова политика ќе се спроведе по ваквата негова изјава.
Белата куќа вчера ги отфрли наводите дека Трамп ја заплашува јавноста кога станува збор за мигрантите од централноамериканските земји. Ставот на Трамп е дека САД никогаш нема да прифати луѓе кои незаконски пристигнуваат во земјата.