ЕУ бара БиХ да ги спроведе изборните резултати, а потоа да го смени изборниот закон
![ЕУ бара БиХ да ги спроведе изборните резултати, а потоа да го смени изборниот закон](https://gdb.rferl.org/5D960C7A-5A09-4911-8793-627BD2DD935D_w800_h450.jpg)
Новата власт во Босна и Херцеговина треба што побрзо да биде воспоставена согласно изборните резултати од 7 октомври, но мора да се спроведе и пресудата на Уставниот суд за измена на изборниот закон, изјави денеска во Сараево генералниот секретар на австриското сојузно Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи Јоханес Петерлик. Тој додаде дека му било важно да дојде во БиХ непосредно по изборите и да укаже на значењето на спроведувањето на изборните резултати.
“Резултатите е важно што побрзо да се имплементираат и ние на тој начин ја покажуваме и поддршката за Високиот претставник на Меѓународната заедница (Валентин Инцко) и неговите напори”, изјави австрискиот дипломат.
Тој дополни дека сите политички актери во БиХ имаат голема одговорност да дејствуваат во тој правец.