Во Турција наредба за апсење на 56 лица за поврзаност со Ѓулен
Во Истанбул е издадена наредба за апсење на 56 лица во рамки на истрагата за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, објави приватниот телевизиски канал Си-Ен-Ен - Турк. Се претпоставува дека осомничените биле корисници на мобилната апликација „ByLock“, која била користена за подготовка и реализирање на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Според турските власти, мрежата на Ѓулен – ФЕТО го организирала и извршила пучот, при што 250 луѓе загинаа, а околу 2.200 беа повредени.